Добредојдовте во BLISS Mall & Retail Park – местото каде урбаниот стил на живот се спојува со удобноста, изборот и инспирацијата. Создаден со визија да стане новото срце на Битола,Bliss Mall & Retail Park е повеќе од трговски центар – тој е модерен простор кој ги надминува очекувањата и создава автентично искуство за секој посетител.
Сместен во брзорастечкиот дел од Битола, наречен “Дулие”, комплексот се простира на површина од околу 20.000 квадратни метри и ги обединува некои од најпознатите меѓународни и домашни брендови. Од модни продавници, преку гастрономски кат со панорамски амбиент, до простор за семејна забава – BLISS Mall & Retail Park е внимателно осмислен за да ги задоволи потребите на современите потрошувачи.
Со повеќе од 220 паркинг места, подземна гаража, широки коридори и функционален дизајн, Bliss Mall & Retail Park нуди чувство на слобода и комфор. Нашата цел не е само да понудиме производи и услуги – туку да создадеме простор каде луѓето се среќаваат, уживаат, слават и градат спомени.
Во Bliss Mall & Retail Park живее градот. Тука ритамот е модерен, но топол. Тука денот има поинаков тек – полн со избор, инспирација и моменти што се паметат.
BLISS Mall & Retail Park – повеќе од шопинг. Живеење со стил.
Приземје – Ритеил парк со избор за целото семејство
Приземјето на Bliss Mall & Retail Park е местото каде удобноста и практичноста се среќаваат со квалитетот и достапноста.
Тука ве очекуваат препознатливи и доверливи брендови кои го покриваат секојдневието – од мода и спорт до домашна грижа, здравје и миленичиња:
Sinsay, New Yorker, Sport Vision, Sara Fashion,
Kam Market, Zegin, DM drogerie markt, Neptun,
Pet Plus, De-Lo Higiena и Metro Obuća.
Без разлика дали барате ново модно парче, секојдневни набавки, апарати за домот или нешто за вашето милениче – во приземјето на Bliss Mall & Retail Park го имаме сѐ на едно место.
Прв спрат – Мода, естетика и удобност на повисоко ниво
На првиот кат од трговскиот дел, ве очекува внимателно избран микс од стил, мирис и комфор. Овде се наоѓаат:
Парфимериите: Boudoir и Noir Fragrances – дестинации за љубителите на луксузни мириси,
Esotiq – бренд за долна облека со елегантен пристап кон женственоста,
Comodita – производи за удобност и додатоци за вашиот дом
MyTime – специјализирана продавница за накит и часовници со врвен стил и квалитет,
како и модните гиганти Koton и Defacto, кои носат урбани трендови достапни за сите.
Неизоставен дел е и Prima Mebel – за инспирација и уредување на животниот простор со стил.
На првиот спрат, шопингот добива димензија на уживање, инспирација и себеизразување.
Втор кат – Гастрономија и забава во еден простор
Освен гастро понудата, на втор кат ќе ги најдете и:
• Blissfully – најголемата, најбезбедната и најчистата игротека во регионот, создадена за бескрајна детска радост
• Моби Штрк – сѐ за мобилни телефони, опрема и сервис
• Target – продавница со сѐ за вашиот дом, од практични додатоци до декор
• Клими.мк – експерти за греење, ладење и паметни решенија за вашиот простор
• Gentlemen’s Club – ексклузивен простор за машко негување и стил
• Skin Cleanic – професионални естетски третмани и нега на кожа
• Office Plus – Канцелариски материјали, играчки за деца, школски производи, патна програма и сѐ за продуктивен ден
• Ciel Boutique – мода и елеганција за неа
• Loco Croco – продавница за играчки и сѐ за вашето бебе – од љубов, со грижа
На вториот кат, Bliss Mall & Retail Park нуди повеќе од шопинг – тука живее ритамот на градот. Доаѓате за едно, останувате за многу повеќе.
Добредојдовте на вториот кат на Bliss Mall & Retail Park, каде гастрономијата го сретнува најубавиот поглед во Битола.
Фуд-кортот е дизајниран како простор за одмор, уживање и социјални моменти – со внимателно избрани брендови кои нудат искуство за сечиј вкус:
• Aurum Kitchen & Bar – елегантен ресторан со модерно мени, совршена услуга и поглед што одзема здив
• Mikel Coffee Company – интернационално познат бренд за љубителите на врвно кафе со спектакуларен панорамски видик
• Dolci di Marieli – слатка оаза со колачи, тартови и специјалитети што будат сетила
• Lolos Gyros – автентични грчки вкусови во модерна, урбана атмосфера
• Пицерија Пи – свежо подготвени пици, печени со љубов и италијанска инспирација
• Булевар Хот Дог – брза и вкусна алтернатива со препознатливи рецепти
• Buzz – место за освежување со сладоледи, крофни и милкшејкови
• Пекара Булевар – топли пекарски производи со мирис што ве води дома
Без разлика дали сакате бавно кафе со поглед, брз оброк или семејна вечера – вториот кат на Bliss е вашата нова омилена дестинација за вкусни моменти.
Забава во BLISS – насмевки, моменти и детска радост
Во BLISS Mall веруваме дека вистинската магија се крие во детските насмевки и незаборавните моменти. Затоа, редовно организираме креативни, едукативни и забавни настани каде децата се во центарот на вниманието.
Од детски работилници, родендени, костимирани забави до сезонски активности и интеракција со омилените ликови – секој настан е посветен на радоста, играта и заедништвото.
Нашата мисија е секое дете да замине од Блис со насмевка, а секое семејство со убав спомен.
Погледнете дел од атмосферата на нашите досегашни настани во галеријата подолу.
НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ
Новогодишна креативна работилница
Време за забава со Биби и Боби
ЛЕГО ВИКЕНД
Викенд на магија
Дизни Викенд
Ликовни работилници по повод 8ми Март
Базар на книгата
Женска ракометна федерација на Македонија - Нашите почесни гости
Си-До Викенд